ЗА НАС

ЗА НАС

Нашата компанија DAKALIFT е компанија која се занима со производство и сервисирање на системи повеќе од 2 децении. Тимот на DAKALIFT постојано се стреми да ги задоволи потребите на нашите клиенти со создавање на лифт кабини кои се синоним за врвен квалитет и уникатен дизајн и она што е најважно НИЕ СМЕ СИНОНИМ ЗА СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ.

Високото ниво на професионализам во областа на механиката и електрониката и фокусот на квалитетот како и долгогодишното искуство во лифт индустријата тимот на вработени во нашата компанија го одобри нашето мото ДВИЖИ СЕ БЕЗБЕДНО, ДВИЖИ СЕ СТАБИЛНО. Во овој контекст нашата компанија добива ISO 9001: 2008 сертификат што има за цел да ја задржи нашата стратегија за конзистентност и подобрување на бизнис перформансите преку одржување и зајакнување на нашите позиции на моменталниот пазар и разумно проширување на нови позиции.

Нашата мисија е постојано градење на кредибилитет и почит кон клиентот од страна на поврзување на клиентот со потребите и трендовите на модерниот начин на живот. Се со цел да ги исполниме нашите цели ние мора да продолжиме да бидеме ефикасни, проактивни, флексибилни, конкурентни во производството на лифт решенија, ескалатори и лифтови за паркирање.

Компанијата DAKALIFT останува на својата ориентација, а тоа е следењето на новата технологија што е исклучително важно за секоја компанија, а е исклучително важно за развојот и постоењето на нашата компанија за која се надеваме дека ќе ја продолжи својата успешна приказна со соочување со нови проекти и нови предизвици.

Како надополнување на успешната приказна која трае две децении DAKALIFT се здоби и со Сертификат од реномираната Европска сертификациона куќа "QMS". Сертификат за нашиот најнов производ Првото микропроцесорско контролно управување за лифтови произведено во РМ.

Подвижноста е од клучно значење во светот во кој живееме и работиме. Лифтовите, ескалаторите и услугите на „Дака Лифт“ се направени за да обезбедат урбана подвижност која е ефикасна и одржлива.

Нашите услуги нека бидат блиску до вас. DAKALIFT ви ја приближува продажбата на лифтови. Ви приближуваме планирање, проектирање и монтирање, поправка на лифтови, продажба на резервни делови и одржување

СОЗДАВАМЕ ДИЗАЈН НА ЛИФТ ЗА ЛУЃЕ СО ПРЕФИНЕТ ВКУС